Станоевски Игор е роден на 02.07.1986 во
Скопје, Македонија, каде што живее и работи како независен уметники
и музичар.
Средно образование завршува во 2005 година,
во Д.С.У.П.У„Лазар Личеноски“ со уметничка струка, техничар за применето
вајарство. Во текот на своето школување има учествувано на групните завршни
изложби во Музеј на град Скопје, организирани од самото училиште.
Дипломира на Факултетот за ликовни уметности при
Универзитетот „Св КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ Скопје, катедра по вајарство, со насока сценографија,
во класата на доц. м-р Жарко Башески, во 2013 година.
Во текот на студирањето има учествувано на сите завршни групни студентски
изложби организирани од самиот факултет во Чифте Амам, Скопје, Сули-Ан, Скопје,
како и во просториите на ФЛУ-Скопје и ликовни работилници.
Игор својата кариера како музичар ја
започнува на возраст од 16 години, кога на националниот натпревар е избран за
најдобар гитарист, и станува заштитно лице за Yamaha
за 2003
Некои од неговите поважни настапи низ
годините се настапот со Gregg Wright, гитаристот на Michael Jackson, и настапот со Shakura Saida Band на Blues and Soul фестивалот во Скопје.
Во 2012, учествува на
хуманитарниот концерт во Кавадарци, Т’k Так фестивалот во чест
на прерано починатата македонска рок-ѕвезда Трајко Каров.
Една од најдобрите препораки кои
ги добил е од Bruce Iglauer, продуцент и сопственик на водечката
светска дискографска блуз фирма “Alligator Records” од Чикаго
кој за него пишува: “Тој е импресивен гитарист кој лесно може да се спореди со
сите американски гитаристи од помладата генерација и јас му предвидувам убава
иднина”.
.jpg)




No comments:
Post a Comment